Се вели дека понекогаш суптилните тела на преминатите предци ни помагаат, дали тоа е точно?

Кај многу луѓе и во многу култури постои верувањето дека нивните преминати предци се грижат за нив и им помагаат во нивните животи.

Духовното истражување спроведено од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), го потврдува фактот дека суптилните тела на преминатите предци можат да ни помогнат. Обемот и квалитетот на помошта зависи од нивниот став во животот на Земјата и нивното духовно ниво. Суптилните тела на преминатите предци кои се на пониско духовно ниво, можат помалку да ни помогнат од оние на повисоко духовно ниво. Што повиско духовно ниво, толку поголем е обемот и квалитетот на можната помош.

Во речиси сите случаи, помошта која суптилните тела на преминатите предци сакаат да им ја обезбедат на нивните потомци е на световно ниво.

На пример:

  • Суптилно тело на преминат предок на својот потомок може да му помогне да добие работа, така што во умот на работодавочот кој ги интервјуира кандидатите ке ја стави идејата да го избере баш него.
  • На девојка можат да и помогнат да го освои момчето кое таа го избрала, така што во умот на тоа момче ќе ја стават соодветната мисла.
  • Супитлно тело на преминат предок кое знае дека може да дојде до несреќа, може да се обиде да го одложи излегувањето на својот потомок од куќата, обидувајќи се на тој начин да го задржи подалеку од местото на несреќата.

Суптилните тела на преминатите предци со тоа што им помагаат на своите потомци ја зголемуваат врзаноста на нивните потомици за световни задоволства, а истовремено и самите уште повеќе се врзуваат. Единствената вистинска помош која суптилните тела на преминатите предци можат да им ја дадат на своите потомци е да ги направат свесни за потребата од духовна пракса. Повеќе од 50% од човештвото е под 30% духовно ниво со минимална духовна сила. Многу е тешко дека тие суптилни тела на преминати предци ќе им бидат од била каква помош на нивните потомци. Понекогаш духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) од повисоките нивоа како суптилните мантрици, исто така можат да ги вовлечат во стапица суптилните тела на нашите преминати предци кои се на ниско духовно ниво, и да ги мачат. Во тој момент, единствена мисла во нивниот ум е опстанокот.

Сепак, дури и ако некои суптилни тела на преминати предци навистина сакаат да им помогнат на своите потомци, тие нема да можат тоа да го направат поради тоа што се наоѓаат во иста ситуација, како да се заробени во стаклен кафез. Тие можат да ја видат состојбата на нивните потомци, но неможат да допрат до нив да ги предупредат за опасноста, или да им пружат благовремена помош. Тое е затоа што:

  • Потомците не ги примаат или не ги разбираат сигналите кои ги испраќаат суптилните тела на преминатите предци, или не веруваат во нив.
  • Духовната сила на преминатие предци не е доволна за потребната помош.

На пример, преминат татко може ќе сака да го предупреди својот син за ризикот од потпишувањето на некоја бизнис зделка преку соништата, но синот не ги поврзува знаците во соништата со зделката која ја прави, или ако ги поврзува може нема да им придаде доволно значење и затоа ќе ја игнорира пораката.

Во друг случај, премината мајка можеби ќе мора беспомошно да го гледа својот сакан син, како станува жртва на смртоносна зависност од дрога, и сето тоа оркестирано од суптилен мантрик. Таа разбира која е главната причина за зависноста, иако нејзиниот син и светот околу него за тоа не се свесни, но бидејќи нејзината духовна сила е многу помала од онаа на суптилниот мантрик, таа е принудена да биде само беспомошен набљудувач