Дување Свет пепел добиен од SSRF миризливте стапчиња како мерка за духовно исцелување

SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.

На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своето убедување.

1. Свет пепел како мерка за духовно исцелување – вовед

Употребата на Светиот пепел (Вибути) добиен од SSRF миризливите стапчиња, е многу добра и корисна самопомошна метода за духовно исцелување. Може да се користи рутински за да се добие позитивна енергија, како и да се ослободиме од вознемирувањата предизвикани од суптилните тела на преминатите предци и духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Ве молиме погледнете го написот: Зошто пепелот е добиен од SSRF Свет пепел миризливте стапчиња?

2. Како да се дува Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња

3. Како делува дувањето на Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња

Божествената свесност (Чаитанија) во Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња, функционира на ниво на Апсолутниот Принцип Оган (Теѓ-татва). Кога ќе изгори, се надополнува со Апсолутниот Принцип Воздух (Вају-татва) и со тоа, делува на уште посуптилно ниво. Ова ја зголемува неговата ефикасност. Затоа, може да ја уништи црната енергија во атмосферата, како и центрите на црна енергија создадени во атмосферата.

Следниов цртеж заснован на супитлното знаење, покажува што точно се случува во суптилната димензија, кога лице на 40% духовно ниво, дува Свет пепел, видено преку суптилна визија (шесто сетило). Штом ќе се дувне Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапичиња, позитивната енергија во него се пренесува во сите правци. Доколку нема никаква негативност или црна енергија од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), Светиот пепел ослободува позитивност во просторот и на луѓето кои се наоѓаат во него. Доколку постои било каква негативност или црна енергија од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) честичките од Божествената свесност и Божествената енергија (Шакти), водат суптилна битка против црната енергија на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Ова е поделено во три фази, како што е прикажано на сликата подолу. Важен факт е дека, суптилната позитивност се зголемува, како што суптилната битка се интензивира, бидејќи Бог праќа повеќе позитивна енергија.

1-MKD-Blowing-holy-ash-subtle

2-MKD-Blowing-holy-ash-subtle

Види суптилна слика на Свет пепел

3.1 Како делува Светиот пепел откако ќе се дувне кон одредено лице

  1. Дување на Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња, им дава позитивна енергија на оние кои не се под влијание на суптилните тела на преминатите предци или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
  2. Истражување засновано на духовната наука покажа дека 90% од светската популација, во одреден момент е под влијание на суптилните тела на преминатите предци или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Поголемиот дел од луѓето во светот се под влијание на суптилните тела на преминатите предци или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) од првиот регион на Пеколот (Патал). Во таквите случаи, со дувањето на Светиот пепел се уништува обвивката од црна енергија создадена околу лицето. Така, лицето кон кое е дувант Светиот пепел, се ослободува од вознемиреноста.
  3. Во случај, кога лицето е под влијание на духовите од вториот регион на Пеколот па натаму, обвивката од црна енергија создадена од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) во самиот момент е отстранета, но не и уништена. Затоа, непријатноста предизвикана од нивната црна енергија, е само привремено ублажена. Доколку нема нови напади од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), олеснувањето може да потрае. Но ако пак влијанието се повтори, вознемирувањето може да се повтори. Во сличаите каде непријатноста се повторува, на секои половина час треба да се повторува дување на Светиот пепел, се додека непријатноста не исчезне.

Дување на Светиот пепел, може да се користи како мерка за духовно исцелување за да:

  • да се добие позитивна енергија
  • за да одредени лица се ослободат од непријатностите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), со дување на Светиот пепел кон нив, или
  • духовно да се прочисти просторот во кој се живее, со дување на Светитот пепел во тој простор.

Следново видео го демонстрира ефектот од дувањето на Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња на духовите кои се манифестирале во опседнати лица. Духот остро реагира на Божествената свесност во Светиот пепел, бидејќи тоа кај духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) предизвикува голема непријатност. Редовна употреба на Светиот пепел заедно со духовна пракса, која е во согласност со шесте основни принципи толку многу го вознемирува духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.), што мора да замине.