MKD_Why--addicts

Што е она, што го прави едно лице да стане зависник? Постојат голем број на фактори кои придонесуваат да се зголеми веројатноста едно лице да стане зависник:

  1. Судбината: Негативната судбина на лицето игра голема улога во тоа дали едно лице ќе стане зависник. Секој од нас е роден со предодредена судбина, заснована на нашите дела од претходните животи. Негативната судбина која ја имаме, може да се манифестира така да станеме зависник или зависни од разни супстанции. Тоа е сигурен начин да доживееме болка и да живееме под-стандарден живот.
  2. Гревовите: Еден зависник веројатно ќе има повеќе гревови отколку заслуги. Под поимот гревови мислиме на акумулацијата на различни лоши дела или гревови од претходните животи кои мора да се отплатат во овој живот.
  3. Видот на предци: Некои семејства имаат предци кои биле зависници додека живееле на Земјата. Некои нивни потомци во овие семејства имаат висок интензитет, односно висока сметка на земање и давање со таквите преминати предци. Преминатиот предок кој сега е суптилно тело во животот после смртта, ја користи оваа сметка на земање и давање да го опседне својот наследник, и да ја конзумира саканата супстанција (користејќи го својот наследник како медиум).
  4. Време: Во согласност со времето т.е. одреден момент во животниот период на една личност, кога таа е духовно повеќе ранлива. Луѓето стануваат духовно ранливи, кога не обавуваат духовна пракса, кога свесно прават гревови, или имаат високо его.
  5. Духовен развој: Луѓето кои се на ниско духовно ниво, се повеќе подложни на влијание. Исклучително е ретко да лице кое обавува редовна, квалитетна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, е или ќе стане зависник.
  6. Сколоност: Интензивната склоност на една личност кон одредена супстанцијата, некоја материја или активност ја прави подложна да биде опседната од страна на некој ентитет.
  7. Духовното ниво на родителите: Колку е повисоко духовното ниво на родителите, толку е помало влијанието врз ембрионот во моментот на зачнувањето. (Погледнете го написот: Како се развива склоност кон зависнсот за време на бременоста).

Извор: Духовно истражување спроведено од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

Коментар на SSRF: Како што можеме да видиме, повеќето од факторите наведени погоре, имаат духовна основна причина. Дури и ако причината, првично започнала како привлекување кон одредена супстанција или некоја материја на психолошко ниво, ентитетите од духовната димензија можат многу брзо да ја искористат оваа ситуација. Духовната пракса е единствениот начин на кој ефикасно можат да се надминат проблемите, каде суштинската причина е од духовна природа.