Што значи да се биде ‘под влијание на духови’ и да се биде ‘опседнат од дух’ (демонска опседнатост)?

1. Дефиниција – ‘Да се биде под влијание на духовите’

Да се биде под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) значи дека физичкото, интелектуалното или духовното (или било која комбинација од истите) функционирање на една личност е целосно променето или е под влијание на духовите кои за тоа исклучливо ја користат нивната црна енергија. Духот не ја преземал директната контрола врз умот и интелектот на лицето, бидејќи духот на ниту еден начин не успеа да навлезе во свеста на тоа лице.

  • Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) со нивната црна енергија, можат или да поттикнат или да ги замаглат способностите на лицето кое е под влијание.
  • Преку оваа црна енергија, можат да влијаат на лицето на многу начини како што се: да предизвикаат исип на кожата, да поттикнат негативно размислување или да го замаглат неговиот интелект. На еден начин, ова е индиректна контрола над лицето. На пример, поради исипот на кожата, лицето нема да биде во можност да отиде на игранката која тој со нетрепение ја очекуваше и сакаше да присуствува. На овој начин духот предизвикува разочарување кај ова лице, со тоа што не му дозволува да се впушти во неговите сакани активности.
  • Влијание на дух, врз лице со црна енергија може да се сфати, односно ефектот е сличен како употребување отровен гас во просторијата во која се наоѓа лицето. Овој ефект може да влијае на лицето на разни нивоа. Меѓутоа духот влијае на таа особина на лицето, која највеќе допринесува да духот ја постигне својата цел, или да му прави проблеми на лицето, да ги исполнува своите желби или да ја спречи духовната пракса на лицето, итн. Важно е и треба да разбереме дека црната енергија на духовите е посмртоносна од најотровниот гас во однос на прецизноста, интензитетот, длабочината и времетраењето на акцијата.

2. Дефиниција на демонска опседнатост

Демонска опседнатост е кога духовите го конторлираат умот (емоциите или мислите) и интелектот (способноста за донесување одлуки) на едно лице, со тоа што духот се меша, односно се спојува со свеста на тоа лице. Како резултат на тоа, тие исто така ги контролираат и акциите на тоа лице.

  • Активностите на опседнатото лице се целосно или делумно под контрола на духот кој го опседнал тоа лице.
  • Духовите кои опседнале лица можат да престојуваат во телото на лицето кое е под влијание или да го контролираат од надвор.
  • Еднаш откако едно лице ќе биде опседнато, интензитетот на опседнатоста може да биде иста, без разлика на тоа дали духот е внатре или надвор од телото.
  • Дури и во случајот на опседнатост, црната енергија на духот е вклучена бидејќи е неразделив дел од духот, исто како што е Божествената свест (Чаитанија) неразделива дел од Светците. Меѓутоа разликата тука е во тоа што духовите влијаат на лицето и сакаат да му наштетат контролирајќи го неговиот ум и интелект.
  • Во речиси сите случаи, лицето кое е опседнато не знае дека е опседнато додека тоа не се манифестира на драматичен начин како што е прикажано во холивудскиот филм ‘Егзорцизмот на Емили Роуз’.