Како духовите ги опседнуваат луѓето?

1. Вовед

Луѓето кои се љубопитни за духовноста често го поставуваат прашањето ‘Како духовите ги опседнуваат луѓето?’ Чинот на опседнување воглавном се случува преку четири основни чекори. Овие чекори може да траат неколку минути, а понекогаш и неколоку месеци.

2. Една Аналогија која објаснува како духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) ги опседнуваат луѓето

possession-castle

Механизмот за тоа како духовите ги опседнуваат луѓето подобро ќе се разбере ако се спореди со замок кој во старите времиња бил напаѓан и под опсада. Одбранбениот систем на замокот го сочинуваат неговите ѕидови, стрелци и колкава залиха на храна имал во своите житници за да може да го дочека непријателот. Непријателот кој го ставил под опсада замокот, трпеливо чека надовор од замокот и се обидува да ги ослабне со изгладнување или преку употреба на психолошки тактики. Непријателот би ја искористил секоја прилика за да го пробие одбрамбениот систем на замокот. Целиот овој просец би можел да трае многу време. Меѓутоа, еднаш кога замокот ќе биде пробиен, непријателот би се концентрирал на тоа да го прошири пробивот и да ја преземе контролата над целиот замок.

Ова во голема мера е слично со начинот на кој духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) опседнуваат едно лице и преземаат контрола над него. Одбраното лице е исто како замокот во наведениот пример, а непријателот го преставува   духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.)

3. Време потребно за опседнување

Како што е објаснето погоре, чинот на опседнување може да се случи во неколку секунди, или може да трае и по неколку месеци. Тоа пред се зависи од два фактора:

  1. Ранливоста на лицето кое се опседнува. Се мисли на ранливоста на физичко и ментално ниво.
  2. Споредување духовното ниво на духот и лицето кое е избрано да биде опседнато. Духовите неможат да нападнат или опседнат лице кое има 10% повисоко духовно ниво од нивното. Ве молиме прочитајте го написот,До кој степен духовно ниво обезбедува заштитна обвивка против духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?”. Духовите од повисоките нивоа можат многу лесно да опседнат лице кое има ниско духовно ниво. Духовно ниво се стекнува преку духовна пракса.

4. Како луѓето бидуваат опседнати, чекор 1: Создавање средина погодна за демонско опседнување (ослабнување на системот за одбрана на замокот)

Духот најпрво го опкружува лицето кое го избрало како погодно за опседнување. Со тоа се создаваат или користат ситуации при кои се дестабилизира умот и се слабее лицето. Овие ситуации може да бидат на физичко или ментално ниво.

  • На физичко ниво, духовите може да предизвикаат или да ги искористат проблемите како што се осип на кожата или да направат бебињата да плачат цела ноќ, за да нивните родители патат од несоница. На тој начин тие ја искористуваат нашата слабост за да создадат влезна точка.
  • На психолошко ниво, тие влијаат на нас на следниве начини
    • Ги искористуваат нашите лични дефекти (недостатоци на карактерот) како што се гнев, страв, емоционална природа, итн. Тие ги влошуваат овие лични дефекти и со тоа ја зголемуваат нашата ранливост. Колку поголеми се нашите лични дефекти, толку е полесно за духот да опседне едно лице, и така се забрзува целиот процес на опседнување. Духовите можат многу лесно да опседнат луѓе во кои што преовладува Тама компонентата со лични дефекти како што се слабоумие, нестабилност, интензивни желби и плашливост. Духовите ги надигруваат нашите лични дефекти со подмолни мисли со кој уште толку ја дестабилизираат нашат свест.
    • Вметнуваат негативни мисли, создавајќи сомневања за себе и другите, поттикнуваат депресија и предизвикуваат кавги во некое домаќинство. Ваквите неисправни мисли кои духовите ги всадуваат во некое лице, прават лицето лошо да се однесува. Лицето може значително да отстапи од неговото нормално однесување и со тоа да ја наруши својата ментална рамнотежа. Еден пример за тоа би било кога една слободна млада жена добива интензивни сексуални желби и постапи по нив со непознат човек. Ова може дури и да доведе до нејзина злоупореба и влошување на целокупниот проблем. Друг проблем за ова би можело да биде финансиска загуба на главата на семејството, или кога во семјството дојде до скандал.

Значи, или преку физички или ментални проблеми, духовите ја дестабилизираат менталната равнотежа на едно лице и на тој начин лицето го прават ранливо.

Како луѓето бидуваат опседнати, чекор 2: Точката на влез (пробивање во замокот)

Кога еднаш лицето ќе ја покаже неговата слабост, духот го прави својот потег. Следат неколку примери за тоа како духот наоѓа погоден начин да влезе во свеста на лицето.

possession-personality-defect

Личност
Ако личноста на опседнатото лице е слаба, духот може да го опседне тоа лице во секое време. Едно лице е многу чувствително кога треба да ги надмине желбите, страстите или кога е емотивно. Во тој момент, постои недостиг на заедништво и контрола помеѓу различните тела, односно суптилното тело и грубото тело (стула-деха). Во оваа состојба, било кој дух може да ја преземе контролата над тоа лице.

Ако опседнатото лице има силна личност, духот ќе мора да чека погоден момент. На пример, духот може да опседне инаку искрено лице во моментот кога тоа дури и на кратко има нечесни мисли.

possession-during-sleep

Слаба врска помеѓу суптилното и физичкото тело
Духовите многу лесно можат да опседнат кога обвивката околу грубото тело е одвоена од ментлната обвивка (Мано-деха), на пример, во состојба на сон, сосотојба на очај, итн. Во некои случаи, ова може да се случи дури и во медитативна состојба. Само дух од повисоките редови и нивоа може да ја искористи одвоеноста на суптилното тело од грубото тело за време на медитација.

possession-fortnightЗа време на транзициски периоди во природата

Забележано е дека духовите се најактивни за време на преодните периоди како што се самракот, деновите на млада и полна месечина, помеѓу влезните и самрак фази на месечината, еклипсите, итн. Ова се периодите кога луѓето со најголема веројатност можат да бидат опседнати. Причините зошто ова се случува ќе ги објасниме во посебен напис.

 

possession-mid-nightВреме од денот

Духовите се најактивни помеѓу 12:00 и 02:00 наутро. Во тоа време, Тама компонентата во животната средина е највисока. Тогаш духовите ја започнуваат нивната духовна пракса за да добијат духовна сила и црна енергија.

 

Како луѓето бидуваат опседнати, чекор 3: Создавање центар (проширување на пробивот)

Еден дух ја олеснува опседнатоста или контролата над лицето преку црна енергија. Црната енергија е духовно негативна/штетен вид на енергија. Духот во лицето поставува складиште она што ние го нарекува ‘центар’. Во овој ‘центар’ духот ја складира неговата црна енергија. Место кое духот го избира како ‘центар’ е обично ранлива точка на лицето.

Поголемиот дел од времето, духот најпрво го прави својот центар во грубото тело, бидејќи најлесно апсорбира црна енергија. Воглавном, тоа е дел од телото кој бил зафатен од некоја болест каде доаѓа до зголемување на Раѓа-Тамата која се манифестира преку развојот на болеста.

Духовите вметнуваат црна енергија во физичката или менталната ранливост и цврсто ја воспоставуваат како центар. Тоа создавање на соодветен центар може на еден дух да му одземе многу години. Преку тој центар, духот продолжува постепено да пренесува црна енергија на умот и интелектот.

Како луѓето бидуваат опседнати, чекор 4: Преземање контрола

Духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) кој што го опседнал лицето, ја покрива обвивката на грубото тело на опседнатото лице со своите лични обвивки (каран-деха) на менталното и каузално (интелект) тело. Следствено на тоа, обвивките на менталното и каузално тело на опседнатото лице стануваат нефункционални. Тогаш лицето почнува да зборува, оди, мисли и да се однесува во согласност со новите обвивки на менталното и казуално тело на духот.