MKD_Inflamatory-bowel--d---CS

Давид е предприемник кој што се занимава со финансии и живее во Сиднеј, Австралија. Во оваа анализа на случајот (која што е документирана во јули 2013. година), Давид раскажува со сопствени зборови, како духовната пракса и методите за духовно лекување, предложени од страна на SSRF на веб-сајтот ssrf.org, му помогнаа да го надмине сериозниот случај на воспалителната (инфламаторна) болест на цревата. Давид го откри SSRF во 2012. година и практикуваше духовна пракса една година под водство на SSRF. Овде тој го прераскажува своето искуство со свои зборови.

1. Медицински проблем во врска со цревата

Јас имам воспалителна болест на цревата, која што предизвикува делови од цревата да бидат многу воспалени и на нив да се развиваат чирови и лезии. Од оваа болест страдам преку 10 години. Мојот систем не го поднесуваше конвенционалното лекување и тоа ме правеше уште поболен. После една година проби со алопатска медицина, почнав да пробам разни видови на натуропатски и алтернативни третмани на лекување. Многу од овие терапии ми помогнаа, но не повеќе од 15-20%, така да постојано трагав по нешто подобро.

Пред да го пронајдам веб-сајтот на SSRF, имав многу негативен и стресен период во својот живот во кој што мојата здраствена состојба се влошуваше. Една од лезиите ги поврза моите црева со простатата (таканаречена ентеровезикална фистула) што предизвикуваше постојана инфекција на простатата. Како последица на тоа, имав постојани тешки уринарни инфекции. Мојот матичен лекар побара да направам тестови на крвта. Резултатите покажаа зголем број на бели крвни зрнца и високо ниво на Ц-реактивниот протеин (CRP). Врз основа на овие резултати, матичниот лекар ме прати на уролог (специјалист за болести на уринарниот систем). Чекав околу четири месеци за да добијам термин кај урологот, а потоа тој ме прати понатаму на коло-ректален хирург (хирург специјализиран за операции на дебелото црево), и пак морав да чекам три месеци за да го видам хирургот. Хирургот ме упати кај најдобриот гастроентеролог (специјалист за болести на цревата) во државата, да види дали може нешто да се направи за да се отстрани проблемот без операција. За среќа, некој друг пациент го откажал својот термин кај овој гастроентеролог, така да можеше да стави во својот распоред порано. Така успеав да го видам овој специјалист само неколку недели после штом го видов коло-ректалниот хирург.

2. Користење на мерки за духовно исцелување кои што доведоа до надминување на воспалителната болест на цревата

Во текот на 2012. година трагав за исправна духовна пракса и се случи да го пронајдам веб-сајтот на SSRF. Пред тоа, практикував духовност под водство на друга организација. Веднаш видов многу длабоки вистини во сите принципи на духовната пракса опишани на веб-сајтот на SSRF.

Во текот на осум месеци додека чекав на прегледите кај разни доктори (како што споменав порано), исто така сериозно практикував духовна пракса под водство на SSRF. Секој ден ја пеев (повторував) пеаницата Шри Гурудев Дата (пеаница за проблемите кои што се предизвикани од преминатите предци) најмалку два часа, а уште два часа го пеев Името на Богот Кришна. Се трудев да пеам и за време на другите активности дури и кога гледав телевизија. Исто така редовно ги применував третманот со солена вода и третманот со кутии.

Кога почнав да пеам забележав очигледно и моментално намалување на психолошкиот стрес, што беше посебно евидентно после третманот со солена вода. Промените на мојот главен здравствен проблем се случуваа постепено; не беше дека од ден во ден ми е подобро. Моето здравје многу ќе се подобреше, а потоа малку ќе се влошеше, па пак малку повеќе ќе се подобреше, а потоа малку ќе се влошеше. Беше како да одам два чекори напред, па еден назад.

Подоцна применував напреден метод за духовно исцелување за заштита како што е ставање слики на Божества на моите чакри и користење лента за духовна заштита на осмиот и деветиот отвор. За овие мерки за духовно исцелување дознав кога присуствував на SSRF сатсанзите преку Интернет.

Осмиот и деветиот отвор одговараат на отворите на уринарниот тракт и анусот. Негативните енергии можат полесно да влијаат врз нас преку отворите, затоа што влезови кои што даваат директен пристап на нашиот систем. Раѓа-Тама (духовно загадување) е поголема кај отворот на анусот и на уринарниот тракт (поради нивните функции на излачување и сексуалните фукнции), во споредба со носницата или устата. Лентите за духовна заштита кои што ги подготвува SSRF, вметнати во платнени држачи се лесни за носење и делуваат како духовна одбрана и како механизам за духовно исцелување.

Исто така, ставањето на мали сликички на Божества на нашите чакри, ние ја зголемуваме духовната позитивност околу нашите чакри, кои што за возврат овозможуваат лесно движење на суптилните енергии во нашето тело. Ова исто така обезбедува заштита од негативните енергии кои што ги напаѓаат нашите чакри.

На почетокот сфатив дека третманот со солена вода е најмоќен духовен метод на лекување. За време на овој третман подригнував без престанок 15 минути, а после него се чувствував многу подобро и физички и психички. Иако денес не подригнувам кога го правам третманот со солена вода, забележувам дека неговите ефекти врз мене се многу посуптилни. Третманот со кутии тогаш стана најмоќен духовен метод на лекување за мене. Ставањето на кутии многу побрзо ги отстрануваше попречувањата и многу подригнував кога ги користев. Дури и денес подригнувам додека го применувам третманот со кутии.

Луѓето кои што ги попречуваат негативните енергии (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат да подригнуваат константно додека ги применуваат мерките за духовно исцелување или кога се изложени на духовно чисти стимуланси. Тоа е еден начин на кој негативната енергија се ослободува од телото.

Кога ќе заборавев да ја ставам заштитната лента на осмиот и деветиот отвор, бав екстремно уморен и ќе заспиев попладне. Од друга страна, сфатив дека постоеше драматична позитивна разлика кога ја користев оваа заштита. Исто така спознав дека ставањето слики на Божества на чакрите, е многу моќно средство за духовно исцелување, иако на почетокот на нивната употреба почувствував посилни попречувања отколку што можев да почувствувам исцелување. Сликите на Божествата ги користев само кога го правев третманот со солена вода и додека спиев. Повремено, кога ќе се сетев користев и камфор кој што го ронев и неговиот прав го ставав на телото или го вдишував мирисот, што беше многу прочистувачки. Секој ден ги користев SSRF миризливите стапчиња  духовно да ги прочистaм кутиите и сликите на Божествата.

3. Позитивни резултати од редовната духовна пракса и мерките за духовно исцелување

До моментот кога го посетив најдобриот гастероентерелог, мојата состојба се подобри најмалку за 80%. Користев ленти за тестирање на урината за да го следам бројот на крвните зрнца во мојата урина и тие драматично опаднаа. Повеќе не добивав непријатни инфекции на уринарниот тракт. Надуеноста која што ја чувствував после јадењето исчезна. Во минатото чувствував надуеност секој ден.

Гастероентерелогот рече дека се занимава со оваа гранка на меидцината  многу децении и дека ги има прочитано сите истражувања во оваа област и дека никогаш нема видено случај на такво подобрување како што е моето. Лезиите како што се моите обично стануваа се полоши и конечно побаруваа операција на пациентот. Тој исто така подвлече дека за болеста како што е мојата, никогаш не видел нормален тест на крвта, посебно кога е во прашање бројот на белите крвни зрнца и нивото на CRP. На крајот рече дека нема ништо што може да направи за мене и да продолжам со она што веќе го правев, и дека само ако се влоши проблемот, треба да ја разгледам опцијата за операција.

Бев многу среќен, благодарен и чувствував олеснување поради таквиот исход. Цврсто верувам дека до моето заздравување дојде поради Божјата милост и со помош на SSRF.

Пред SSRF практикував интензивна духовна пракса со многу ритуали за предците и разни форми на пеење (под водство на други организации). Сепак чувствував дека не ми помогнаа. Постојат многу видови на духовна пракса и луѓето веруваат дека тие се чисти и дека тоа е правиот пат, но тоа не е вистина. Духовната пракса под водство на SSRF ме трансформира психички и физички. Оваа духовна пракса за мене е она што за другите луѓе е храната и ми е потребна за да живеам и ми е потребна неколку пати дневно. Многу луѓе кои што поминуваат преку тешки ситуации, треба да знаат дека духовната пракса може да им овозможи нешто што ништо друго не може. Не може со сигурнот да се каже што ќе им донесе духовната пракса, но јас верувам дека секој ќе добие од неа всушност она што му треба. За мене тоа беа многу позитивни работи.

4. SSRF коментар

Проблемите во животот можат да се јават како последица на комбинација од физички, психолошки и духовни причини. Во случајот на Давид духовните мерки (препорачани од страна на SSRF) имаа моќен ефект на лекувањето на воспалителната болест на цревата. Непосредниот ефект од лекувањето виден после пеењето на Шри Гурудев Дата, укажува дека проблемот имал аспекти на проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.

Кога вистинската причина за болеста е од духовна природа, таа единствено може да биде третирана со примена на мерки за духовно исцелување. Важно е да се спомене дека дури и ако проблемот настанал поради духовни причини како што е напад од негативните енергии, и ако во тој напад некој орган е оштетен 20%, тогаш со духовните мерки можеме да го излечиме само 80%. Кога органот е физички оштетен, многу е тешко да се направи целосен со помош на духовните мерки дури и кога причината на почетокот била од духовна природа.

Редовната духовна пракса заедно со мерките за духовно исцелување е најефективен начин да го надминеме таквиот вид на пробеми во животот. Во некои случаи симптомите можат да се влошат кога го почнеме духовното лекување, но тоа е знак дека позитивната енергија се бори со негативната енергија која го предизвикува проблемот. Во случајот на Давид, со тоа што редовно вложувал труд во комбинација со неговата вера, тој успевал секојдневно да привлекува духовна позитивнист, што му помогнало побрзо да го надмине тој проблем.