Ноќ на вештерките

1. Вовед во ’Ноќта на вештерките’

Ноќта на вештерките се слави во многу земји, посебно во земјите како што се Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Таа прослава ги има сите обележја на негативните енергии. Полицијата и пожарникарите сфатија дека мораат да бидат во состојба на готовност поради ненадејното зголемување на штетното однесување за општеството кое го следи овој ден. Возрасните ги предупредуваат своите деца на овој ден да ги избегнуваат непријатните места, но тие не се свесни, дека зад маскирањето во забавните и смешни костими, делуваат мрачни невидливи сили.

Како што местата за богослужба се исполнети со позитивни небески сили, исто така елементите на оваа традиција активно придонесуваат зголемување на активностите на негативните енергии, највеќе духовите.

Во ноќта кога се прославува Ноќта на вештерките, возрасните и децата се облекуваат како суштества од подземниот свет (духови, демони, зомби, вештерки, гоблини), палат светилки и уживаат во спектакуларните огномети. Куќите се декорирани со огнени тикви со застрашувачко лице. Некои од најпопуларните декорации за дворовите се фенер-тикви, страшила, вештерки, портокалово-пурпурни светилки, декорации на костури, пајаци, тикви, мумии, вампири и други монструозни суштества. Други морбидни декорации се надгробни плочи од стиропор и украси со гротескни ликови.

Во овој напис, со знаењето добиено со истражување засновано на духовната наука, ги објаснуваме духовно – штетните влијаниа од овие прослави и нивното краткорочно и долгорочно влијание врз луѓето.

2. Духовен ефект од прославата на Ноќта на вештерките

На самиот почеток, да се запознаеме со основните законитости на духовната наука која тврди дека ’зборот, допирот, формата, мирисот, вкусот и нивните соодветни енергии коегзистираат’. Тоа значи дека во зборот ’Бог’ е присутна Божествената енергија. Поради тоа се чувствуваме подобро после пеењето на Божјото Име, или молитвата упатена Нему.

Исто така каде е присутно името или формата на негативните енергии, како кај Ноќта на вештерките, се присутни и нивните штетни енергии. Формите и боите на костимите кои се носат во Ноќта на вештерките се слични како кај духовите, така да се однесуваат како антени (канал со слични фреквенции) и ги привлекуваат негативните енергии како што се обичните духови.

Всушност, истражувањето засновано на духовната наука потврди дека негативните енергии ја смислиле Ноќта на вештерките со цел за акумулација и ширење на црната, негативна енергија во општеството. Многу често, негативните енергии како што се духовите, демоните, итн. ставаат мисли во човечките умови да започнат традиции кои се полни со раѓатама (раѓа – акција и страст, тама – инерција и незнаење) за да по пат на нив влијаат врз луѓето.

Покрај привлекувањето на духовите, Ноќта на вештерките има и негативно влијание врз луѓето и околината каде што се одржува.

2.1 Зголемена активност на духовите за време на Ноќта на вештерките

На местата каде се одржува Ноќта на вештерките, активноста на духовите се зголемува за 10%. Поради нивните зголемени активности и делувањето на негативните вибрации створени од разните костими и декорации, во вечерта / ноќта на 31. октомври, те. за време на прославата на Ноќта на вештерките, раѓатама компонентата во таа средина се зголемува до 30%. Ова е многу значајно зголемување чии последици се чувствуваат за време на целата седмица. Во периодот од наредните 3 месеци дејството постепено ослабнува.

Дури и за време на природните феномени како помрачувањето, полната месечина и младата месечина ја зголемува активноста на духовите. Меѓутоа, ова се должи на природните феномени. Во случајот на Ноќта на вештерките, луѓето се тие кои доведуваат до зголемување на активностите на духовите.

2.2 Зголем ризик од опседнување од обичните духови

Ве молиме прочитајте го написот: “Што значи да се биде под влијание на негативните енергии и да се биде ’опседнат од дух’ (демонска опседнатост)?“

Во табелата што следува го прикажуваме влијанието на индивидуално ниво кај 3 вида на луѓе – возрасни активни учесници на прославата, деца активни учесници на прославата и оние што не учествуваат активно на прославата.

Во февруари 2014. година направивме ново суптилно читање за ефектите од ’Ноќта на вештерките’, и откривме дека од 2007. година па наваму, штетното влијание од прославата на суптилно ниво е значително зголемено. Во следата табела ги наведуваме ревидираните вредности од ефектите на ’Ноќта на вештерките’.

Влијание од Ноќта на вештерките во 2014. во однос на Активни возрасни учесници на прославата Деца активни учесници на прославата Луѓе кои што не учествуваат
Зголемување на Раѓа – Тама 30% 30% 20%
Зголемување на веројатноста за опседнување 50% 50% 30%
Времетраење на штетното влијание 10 недели 10 недели 4 недели

Извор: SSRF истражување засновано на знаењето на духовната димензија, февруари 2014. година.

Следните причини влијаат на зголемување на негативните ефекти:

  1. Севкупно зголемување на нивото на Раѓа – Тама или духовната нечистотија во околината од 2007. година. (Тоа значи дека 2007. година била повеќе сатвик во споредба со 2014. година.)
  2. Опшеството покажа зголемена желба да учествува во такви негативни прослави, што сведочи за зголемувањето на Раѓа – Тама во општеството. Со тоа се зголемува ризикот за опседнување од негативните енергии. 

Ве молиме прочитајте го написот: ’Колку човечката популација е под влијание на духовите, или опседнато од нив’

Постои правило дека слично привлекува слично. Луѓето кои што сакаат костуми со демонски мотиви (во кои што преовладува Тама компонентата) по правило тие и самите се Тама преовладувачки лица. Поголема е веројатноста дека тие лице ќе паднат под влијание на негативните енергии. Негативните енергии кои што врз нив влијаат им даваат мисли да учествуваат во таквите активности.

Во SSRF има трагачи кои што можат да ја видат суптилната димензија, како што ние ја гледаме физичката димензија. Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале ги црта суптилните негативни вибрации, кои што се шират од просечно лице кое што носи маска и костум со демонски мотиви.

MKD_Halloween---demon-like

Најважно од се е да се напомене дека ние привлекуваме многу негативни вибрации и паѓаме под нивно влијание. Кога демонски ентитет ќе опседне некое лице, тоа не само што привлекува негативна енергија, туку ја и шири во околината.

MKD_Halloween---costum-like

2.3 Видови на духови кои имаат корист од прославата на Ноќта на вештерките

Видот на дух кој најчесто ја искористува прославата е обичниот дух.

2.4 Носење црна боја на Ноќта на вештерките

За време на прославата најчесто се носи црна боја. Бидејќи црната боја е тамасик по природа, таа има способност за максимално привлекување и пренесување на негативна енергија и попречувачки фреквенции во околината, дури и до 70%. Тоа значи дека од сите можни негативни вибрации (вклучувајќи ги духовите) што можат да се најдат во околината, црната боја може да ги привлече до 70%.

Исто така прочитајте ги написите: ’Која боја на облеката е најдобра за носење на погреб?’ и ’Како боите духовно влијаат на нас’.

2.5 Декорација за ноќта на вештерките

Декорација Опис
Вид на духот Влезните врати се декорирани со црни венци кои на себе имаат знаци од подземниот свет.
Домот Куќите се декорирани со вештачки пајажини, пајаци, духови, погребни споменици, скелети, итн. кои сите се тамасик.
Светилки за Ноќта на вештерките Тиквите се изрежани во форма на грозни лица и служат како светилки, така да преку нив се шират бранови на Тама компонентата секаде наоколу.
Коментар од уредникот: Есенските полиња полни со зрели тикви и сончоглед се пример за благосостојба на Мајката Природа. Изрежувањето на тиквите во форма на грозни лица за време на Ноќта на вештерките за така ужасен ритуал кој ги повикува негативните енергии слободно да дојдат, е чин за кој луѓето треба сериозно да размислат.

2.6 Вообичаена храна на Ноќта на вештерките

За време на Ноќта на вештерките вообичаено е да се служат колачи и други видови на храна во форма на надгробни плочи, запоседнати куќи, отсечени раце, итн. Согласно со духовните правила објаснети погоре, формата на предметот и неговата енергија што му одговара коегзистираат (ова правило е уште повеќе применливо на цврстите предмети). Подготвената храна согласно со својата форма ја зголемува веројатноста од зголемени напади на негативните енергии, на пример, од обичниот дух за 30%.

2.7 Намера зад ритуалот од изнудување подароци од врата до врата

Децата одат од куќа до куќа, од врата до врата, изнудувајќи подароци заканувајќи се ако домашните одбијат да дадат подароци ќе им сторат нешто непријатно на домашните. Поради тоа се:

A. Во умовите на децата всадуваат импресии кои се тамасик.

B. Умот се навикнува да биде екстровертен.

3. Што да сториме за заштита од штетното влијание на Ноќта на вештерките

  • Со присуствувањето на прославата на Ноќта на вештерките значително ја зголемуваме можноста да бидеме вознемирени, или запоседнати од дух. Поради тоа е подобро да се држиме подалеку од таквите прослави и да ги предупредуваме другите  за нивното штетно влијание. (Можеме да го испратиме по мејл овој напис на сите наши пријатели и познаници.)
  • За да се заштитиме од штетните резултати на зголемената раѓатама и зголемените активности на духовите на местата на прославата на Ноќта на вештерките, потребно е да бидеме во потполност концентрирани на духовната пракса, посебно два дена пред Ноќта на вештерките и најмалку 1 седмица по нејзиното завршување. Исто така е важно непрекинато да се молиме (со благодарност) за заштита од штетното влијание, и да се случи оптимална духовна пракса.

Прочитајте го написот: ’Започнете го своето духовно патување’ затоа што со примената на духовната пракса најсигурно се штитиме од лошото влијание на Ноќта на вештерките.

Соопштение за јавноста

Прославата ’Ноќ на вештерките’  предизвикува демонска опседнатост | SSRF печат