Што можам да направам за да се заштитам од суптилните тела на преминатите предци?

Проблемите што ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци се посебен вид на духовни попречувања. Затоа можат успешно да бидат надминати само со примена на посебни духовни средства за исцелување. Психолошките, или физичките средства за помош едноставно не можат да ја надминат главната причина за проблемите, во најдобар случај можат само да олеснат некои од симптомите. На пример, ако лицето има осип на кожата кој го предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци, соодветната медицинска терапија во најдобар случај може да го ублажи, но не и во потполност да го излекува, или да го спречи неговото повторно појавување.

За да се ослободи некој од проблемите кои ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци, ја предлагаме заштитната пеаница ’Шри Гурудев Дата’. Оваа пеаница го претставува Името на Божеството Дата, еден од принципите на Бога. Пеаницата треба да ја пееме во текот на денот заедно со пеење на Божјото Име според религијата на раѓање.

Пеењето на Името на Божеството Дата е вид на пеење кое се препорачува за надминување на специфичните духовни проблеми те. проблемите што ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци. Од друга страна, пеењето на Божјото Име според религијата на раѓање е како општ духовен лек за севкупен духовен раст. Пеењето на Името на Божеството Дата обезбедува заштита, но не и духовен раст.

За да ви го објасниме ова, ќе направиме споредување. Пеењето на Името на Божеството Дата е како земање на дополнителни дози на витамин Ц кога сме настинати. Витаминот Ц се зама со вообичаената доза на таблети од мулти-витамини за одржување на добро здравје (што претставува пеење на Божјото Име според религијата на раѓање).

Кога го повторуваме заштитното пеење на заштитната пеаница Шри Гурудев Дата, ја привлекуваме Божествената енергија поврзана со Името на Божествето Дата и како резултат чувствуваме придобивки на следниот начин:

  1. Суптилна заштитна обвивка се развива околу нас, штитејќи не од пречките што ги создаваат суптилните тела на нашите предци.
  2. Помага да се поништи сметката на земање и давање што ја имаме со нашите предци и на тој начин се намалува нивното влијание врз нас.
  3. Овозможува помош на суптилните тела на нашите преминати предци која им е потребна за да го продолжат понатаму своето патување во суптилниот свет.

Сепак, степенот на придобивки зависи од квантитетот и квалитетот на нашето пеење кој, освен другите фактори, зависи и од нашето духовно ниво.

Препорачливо е да ја пееме заштитната пеаница ’Шри Гурудев Дата’ секојдневно во зависност од сериозноста на проблемите. Како што ова пеење е наменето за отстранување на пречките во животот, најдобро е да се врши наутро, затоа што така ја обезбедува неопходната духовна заштита за тој ден. Во текот на остатокот од денот може да се пее Божјото Име според религијата на раѓање.

Препорачуваме пеењето на Името ’Шри Гурудев Дата’ да биде пропорционално со сериозноста на попречувањата кои ги чувствуваме поради проблемите од суптилните тела на преминатите предци. Ова е засновано на истражувањето и знаењето добиено со пристапот во Универзалниот Ум и Интелект преку медиумот на многу развиено шесто сетило (ESP).

  1. Во случај кога човек не чувствува непријатност, или чувствува само блага непријатност, може да пее 1 до 2 часа секојдневно за да ги избегне таквите проблеми во иднината.
  2. Во случаи кога непријатностите се со умерен интензитет, треба да се пее 2 до 4 часа секој ден.
  3. Ако непријатностите се сериозни, лицето мора да ја пее пеаницата Шри Гурудев Дата 4 до 6 часа дневно.

Забелешка: Прикажаниот квантитет на препорачаното пеење од неодамна е зголемено. Зголемување на пеењето се препорачува со оглед на порастот на бројот на проблемите кои денеска ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци и негативните енергии како сега така и во времињата што доаѓаат.

Ве молиме прочитајте го написот, ’Што се проблеми со суптилните тела на преминатите предци’ за да ги разберете видовите на проблемите што ги имаме. Во следната табела се прикажани некои показатели за сериозноста на проблемите.

Видови Примери
Благи Кожни болести, брачни расправии
Умерени Разводи, ментално заостанати деца
Тешки Абортуси, смрт во детството

Забелешка: Ако тешкотиите се сериозни, на лицето може да му се советува исто така да врши одредени духовни обреди. Информации за овие обреди ќе бидат објавени подоцна во написите што следуваат.