Како е можно суптилното тело на преминатиот предок од ниско духовно ниво да има сила да предизвика неволји, но не и да даде помош?

За задоволување на световните желби не можеме да ја добиеме Божјата помош: Речиси во сите случаи, целта за ’помош’ на суптилните тела на преминатите предци и потомците е ограничена на световната помош. Кога помошта е ограничена на световните потреби, суптилните тела не се во состојба да пристапат до Божјата помош, за да ги подржи во остварување на нивните желби. Поради тоа тие зависат од сопствената моќ која што е занемарлива. Ако целта е да се помогне духовно на потомокот, суптилните тела на преминатите предци имаат пристап до Божественото посредување и поддршка.

Потреба својата сила да ја користат за да се заштитат: Квалитетот и количината на помошта која што суптилните тела на преминатите предци со духовно ниво помеѓу 20-30%, можат да ја дадат на своите потомци, е многу мала поради нивната ниска духовна сила. Суптилните тела на преминатите предци поради ниското духовно ниво во најголем број случаи мислат само на опстанокот и не можат да размислуваат повеќе од своите потреби. Неподносливата околина во ниските региони, а тоа се Чистилиштето и Пеколот,  како и влијанието на духовите, им задаваат големо страдање. Затоа, наместо да им помогнат на своите потомци, тие и самите бараат помош.

Тие се обидуваат да комуницираат со своите потомци и тоа го прават така што им создаваат проблеми на своите потомци. Количината на проблемите кои што можат да ги предизвикаат е несразмерно поголема од нивната способност да помогнат.

Влијание на духовите од повиско ниво: Помоќните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), на суптилните тела на преминатите предци им обезбедуваат потребна црна енергија за создавање проблеми во регионот на Земјата. Тие ги користат суптилните тела на преминатите предци да влијаат неповолно на луѓето со користење на најмала можна количина на енергија.

Суптилните тела на преминатите предци кои што се на духовно ниво помеѓу 20-30%, воглавном се себични и егоистични и според тоа повеќе се концентрираат на намалување на сопствените страдања во ниските суптилни региони. Поради тоа нивните обиди да им помогнат на своите потомци се занемарливи.

Создавањето проблеми е вид на комуникација со потомците: Кога живееме на земјата, имаме спектар на прашања кои го одвлекуваат нашето внимание. Нашата енергија е распределена на разни аспекти како што се работата, врските, задачите, забавата, итн. Меѓутоа, кога умреме не постојат такви активности да ни го одвлекуваат вниманието. Во суптилните региони, суптилните тела на нашите преминати предци во полна мерка чувствуваат среќа или несреќа во согласност со своите доблести (квалитети) и недостатоци (маани). Суптилните тела на преминатите предци на ниско духовно ниво, обично имаат повеќе недостатоци и како резултат на тоа повеќе страдаат. Без тоа што би им го свртело вниманието, како во регионот на Земјата, тие стануваат концентрирани само на тоа тие страдања да бидат намалени, или да остварат некоја световна желба. Тие се служат со своите потомци на Земјата да направат нешто во врска со тоа. Како што тие немаат физичко тело, немаат потреба за сон и можат да допрат до своите потомци со неверојатна насоченост кон таа цел. Оваа концентрираност и насоченост само на една цел, ја зголемува нивната способност да влијаат врз нас.