Што да правиме со облеката и стварите на преминатото лице

Што да правиме со облеката и стварите на преминатото лице?

После смртта на некој од своите блиски, многу луѓе не знаат што да направат со нивните лични ствари. Смислата на овој напис е давање упатства на семејствата и роднините како да постапуваат со овие работи.

На ниво на принципите, можеме да имаме на ум, дека акциите кои што ги преземаме, поврзани со личните ствари на нашите предци, треба да им помогнат во намалување на врзаноста за да полесно продолжат понатаму во животот после смртта.

Вибрациите на преминатото лице, остануваат во личните ствари кои што ги оставило зад себе. Смртта доведува до зголемување на основната суптилна Tама компонента во околината. Доколку постоела болест која што довела до смртта, основната суптилна тама компонента е уште повеќе зголемена. Со тоа, ако преминатото лице страдало од попречувања кои што ги предизвикале духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) за време на смртта или подоцна, лицето кое што ги користи неговите работи (предмети), најверојатно ќе доживее одредени непријатности.

Во продолжение се наведени некои постапки, кои што можат да се применат после смртта на членот од семејството, за да се отстрани врзаноста на преминатиот за предметите, кои што ги користел во животот и се осигури заштита од негативните ефекти од основната суптилна тама компонента, која што се емитува од тие предмети.

  1. Најдобро е да се запали облеката која што преминатиот ја носел во моментот на смртта, бидејќи таа облека е нај погодена од основните суптилни тама фреквенции. Пепелот може да се истури во море или река.

  2. Прскање со Света вода (вода со Свет пепел) по целата соба на покојникот. Ова помага во намалување на тама компонентата, која што се создава во атмосферата за време на смртта.

  3. Членовите на семејството можат да вршат пеење (повторување) на духовната пеаница Шри Гурудеев Дата. Оваа пеаница исто така може тивко да се пушти во собата на преминатиот. Со континуирано повторување на пеаницата во текот на една година, просторот се прочистува, а суптилното тело на преминатиот предок добива замав за продолжување на понатамошното патување во вишите суптилни региони.

  4. Најдобро е предметите за кои што преминатото лице било многу врзано, да се поклонат на достоинствена духовна организација. Со поклонувањето на достоинствената духовна организација, од Бога се активира ослободување. Вибрациите од преминатото лице во неговите лични ствари бидуваат уништени, а суптилното тело добива замав во патувањето во животот после смртта. Ова се случува затоа што со донацијата се стекнуваат заслуги.

  5. Што се однесува до предметите за кои што преминатото лице не било многу приврзано, членовите на семејството можат да ги користат после шест месеци, кога вибрациите на преминатото лице бидат отстранети со прочистување со духовно пеаница.

  6. Сликите на преминатите предци кои што ги има низ куќата, подобре ќе биде да се отстранат. Овие слики поттикнуваат приврзаност на преминатиот за поминатиот земен живот, и претходното семејство, и го спречуваат понатамошниот напредок на духовниот пат. Во некои случаи тие слики можат многу силно да го врзат предокот за семејната куќа.

  7. Од почитување кон покојникот, доколку имал составен тестамент, неговите желби не би требало да бидат неисполнети.

Важноста за примената во пракса на претходно наведените чекори, е еден од одлучувачките фактори за понатамошното патување на предците, или нивното заглавување во регионот на Земјата. За потполна заштита се препорачува редовна духовна пракса според шесте основни принципи на духовноста.