Практични совети за користење на SSRF миризливите стапчиња

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) советува континуиран и вообичаен медицински третман заедно со методите за духовното исцелување во рамката на физичките и психијатриските болести.

На читателите им се советува да започнат било кој третман за духовно исцелување според сопствената желба.

П1: Колку пати дневно треба да палам SSRF стапчиња?

Одговор: Препорачуваме стапчињата да се палат од два до пет пати дневно зависно од тежината на попречувањето што лицето го чувствува или тежината на попречувањето што се чувствува во просторот. Посебно е добро стапчињата да се палат в зори и во самракот. Палењето в зори помага да се растера негативната енергија собрана во текот на ноќта, а палењето во самракот е превентивна мерка за да се намали количината нацрна енергија од духовите, која се зголемува после заоѓањето на сонцето.

Палењето стапче пред спиење помага да се намали можноста од нападите на духовите или суптилните тела на преминатите предци за време на ноќта.

П2: Колку SSRF стапчиња треба да запалам истовремено?

Одговор: Тоа зависи од духовното ниво на лицето, од тежината на попречувањата што лицето ги чувствува или од тежината на попречувањата во просторот. Кога се вели духовно ниво се мисли на духовната зрелост или духовниот капацитет на лицето. Духовниот капацитет ја покажува мерката со која лицето се поистоветува со Бога (Душата) од внатре повеќе отколку со своите пет сетила умот и интелектот.

Според духовното ниво:

  • Духовно ниво над 60% нема потреба за стапчиња затоа што внатрешната духовна сила на лицето е доволно моќна.
  • Духовно ниво 50-60%, доволно е да се запали едно стапче од време на време.
  • Духовно ниво под 50%, треба да се палат барем по две стапчиња да се добие оптимална придобивка.

Според тежината на попречувањата: Во просек се потребни две миризливи стапчиња. Кога попречувањето е посилно, тогаш може да се палат до пет стапчиња да се намали црната обвивка околу лицето или просторот духовно да се прочисти.

П3: Како да го користам запаленото SSRF стапче?

Одговор: Да се прочисти просторот треба запаленото стапче (да се стави на држач за пепелот да не паѓа врз подот) и да се пренесе преку сите простории. Треба да се движиме во насока на стрелките на часовникот и запаленото стапче да го носиме долж ѕидовите, и по ќошевите. Исто така, добро ќе биде да пееме, затоа што тоа придонесува за поголеми придобивки од прочистувањето. Пеењето може да се врши на глас или во себе.

Прочитајте го написот – ’Кое Божјо Име треба да се пее?’

Кога има повеќе катови што треба да се прочистат треба посебно да се пали стапче за прочистување на секој кат.

П4: На која оддалеченост делува запаленото SSRF стапче?

Одговор: Делувањето на запаленото стапче е суптилно и не може да се види. Запаленото стапче во просторот делува во сите насоки, највеќе до 5 метри во далечина. Делува во правецот и надолу и нагоре така да, го прочистува просторот и помеѓу катовите. Кога со запаленото стапче поминеме преку сите простории го оставаме да гори во просторијата во која суптилно се чувствува непријатен притисок. Дејството на запаленото стапче го опфаќа целиот простор во куќата.

П5: Зошто некои луѓе се алергични на SSRF стапчињата?

Одговор: Истражувањето засновано на духовната наука ги наведува следните причини, кои покажуваат зошто луѓето се алергични на мирисите што ги шират стапчињата.

П6: Кое миризливо SSRF стапче е најдобро за мене?

Одговор: SSRF стапчињата со посебни мириси се направени за да им помогнат на луѓето кои имаат попречувања од негативните енергии и да придонесат за зголемување на духовната чистота.

Наједноставниот начин да се одлучи кој мирис ни е нај потребен е пробата. Мирисот кој предизвикува највеќе попречувања, како што е да речеме главоболката, е оној кој ви е најпотребен. Затоа што симптомите како што се: главоболката, тешкотии при дишењето или чувство на мачнина, се должат на суптилната битка помеѓу негативните енергии кои ги создаваат попречувањата и позитивната енергија што ја шират стапчињата.

Во следата табела се прикажани миризливите стапчиња според можноста на користење за духовно исцелување. Експериментот за избор на мирисот може да се почне со Јасминот (Ќамели), затоа што најверојатно дека потребата за него ќе биде најголема.

П7: Дали треба да палам SSRF стапчиња едно по друго?

Одговор: На SSRF стапчето му е потребно во просек 40-45 минути потполно да изгори, позитивниот ефект трае 30 минути после тоа. Ако попречувањето не е намалено после првиот сет на стапчиња, треба да се запали втор сет. После вториот сет позитивниот ефект трае 25 минути. Палењето стапчиња по трет пат не донесува духовна корист.

П8: Како ќе ми користи SSRF стапчето?

Одговор: Како што во претходниот напис е објаснето, запаленото миризливо SSRF стапче, поради специфичниот мирис што го шири привлекува одреден аспект (принцип) на Бога (Божество). Сите луѓе што се наоѓаат во близина добиваат корист од Божествената Свесност (Чаитанија) на тој Божји Принцип. Ако некој има попречување од суптилните тела на преминатите предци или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) тогаш Божествената Свесност ќе ги победи попречувачките негативни енергии и лицето ќе почувствува олеснување поради отстранувањето на симптомите настанати поради попречувањето. Кога лицето не чувствува никакво попречување, ќе почувствува позитивност како: опуштање, подобрување на пеењето, состојба без мисли, состојба на медитација, итн.

Истото важи и за просторот во кој се живее или престојува, а од кој се отстранети негативните енергии и создадена позитивна енергија.