1. Вовед во степенот на опседнатоста

Светот на демонската опседнатост е комплексен, и во него не е ништо онака како што тоа го гледаме со нашите очи во физичкиот свет. Во текот на повеќе од 7 години интензивно проучување на оваа тема, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), наиде на разни видови на демонска опседнатост, со разновиден спектар на симптоми и влијаниа врз опседнатите лица. Не постои едноставен  начин да се објасни степенот на опседнатоста, затоа што постојат многу начини и перспективи за проучување на оваа тема. Во овој напис ќе дадеме детален приказ на категориите на демонската опседнатост и нивните нијанси.

Информациите се добиени со истражување на илјадници демонски опседнатости, по пат на суптилното сетило на видот или (шестото сетило), те. способноста за духовно восприемање. Некои наши членови можат навистина да ги видат духовите кои што ги опседнуваат луѓето. Напоредно со тоа, некои членови имаат пристап до Универзалниот Ум и Интелект и се способни подлабоко да ги сфатат причините за опседнатоста и намерите на духот кој што опседнува.

Од перспектива на духовно просечно лице, важно е да се разбере фактот дека целокупната популација на некој начин е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Уште позначаен факт, кој што е откриен со духовното истражување, е дека, во сегашната ера, па се до 2025. година, 30% од популацијата е опседната од духови. Тоа значи дека од секои десет лица кои го читаат овој напис, 3 се опседнати, 5 се под некое влијание на духовите и само 2 лица нема да бидат под  влијание.

„Тоа значи дека, сите троица од вкупно троица читатели на овој напис, ќе бидат под влијание на духовите, а еден од нив ќе биде опседнат од дух, дали ќе биде тој свесен за тоа или не.“

Ве молиме прочитајте го написот – Колкав е процентот од светската популација под влијание на духовите?

Било од која перспектива да ги проучуваме демонските опседнатости, ги класифициравме во: благи, умерени и тешки. Во наредните поглавја ќе биде изложено како степенот на благите, умерените и тешките опседнатости, може да се менува во зависност од перспективата од која тоа го проучуваме. За да ги разберете наредните поглавја, прочитаје ги следниве два написи:

2. Степен на демонската опседнатост според можностите за препознавање на манифестирањето на духот кај некој

Во продолжение ја дефинираме опседнатоста од перспектива на ниво на шестото сетило, или способноста за суптилно перципирање, те. духовно восприемање, потребно за да се препознае опседнатоста.

  • Блага демонска опседнатост Во овој случај дури и духовно просечно лице, со својот интелект и основните познавања на демонската опседнатост, може да заклучи од ненормалното однесување, дека нешто не е во ред со опседнатото лице. Лицето кое што е опседнато, се однесува ненормално и ентитетот кој што е внатре воглавно не е манифестиран. Однесувањето на опседнатото лице се разликува од негвото вообичаено, нормално однесување. Таквите отстапки можат да се согледаат како зголемена агресија кај инаку мирно лице, хистерична смеа, неконтролирано брборење и сл. Исто така е можно на ниво на интелектот да препознаеме, дека тие симптоми се предизвикани од демонска опседнатост, кога се применат мерки за духовно исцелување. На пример, кога неприродно однесување се забележи во простории на храм или црква, или пиејќи и прскајќи Света вода, итн.

    MKD_demonic-possesion-mild

  • Психијатриска дијагноза за овој инцидент би била во главном психоза или сл. Ве молиме прочитајте го написот: Зошто постои заштитна рамка околу сликите
  • Умерена демонска опседнатост Во овој случај, е потребно високо ниво на шестото сетило, или над-сетилна перцепција, за да некој препознае дали некое лице е опседнато. Духовното ниво на лицето кое што тоа може да го дијагностицира, вообичаено е некаде помеѓу 50 и 70%. Симптомите и знаците дека некој е опседнат се далеку по суптилни. Овој тип на опседнатост воглавном е не-манифестиран. Меѓутоа, тоа не е секогаш случај, лицето може да биде целосно манифестирано, а сепак да остане многу мирно и приберено, не давајќи никакви знаци на опседнатост.
  • Тешка демонска опседнатос Во овој случај само Светец може да дијагностицира, дали лицето е опседнато. За лице опседнато од најмоќните духови, само Светец од највисок ред, може да потврди дека лицето навистина е опседнато.

3. Степен на демонска опседнатост во однос на можноста на контрола на манифестирање преку разговор со опседнато лице

Од овој агол на демонска опседнатост, дефинирано е колку долго, духовно просечно лице може да разговара со опседнато лице, каде што духот се манифестира и да се смири.

  • Во случај на блага опседнатост, дури и лице со просечно духовно ниво може да разговара со манифестираното (опседнато) лице (те. со духот внатре во него) и во потполност да го смири
  • Во случај на умерена опседнатост, духовно просечно лице има само делумен успех, во смирувањето на манифестираното лице, разговарајќи со него.
  • Тешка опседнатост е кога духовно просечно лице, воопшто не може да го смири манифестираното лице.

4. Степен на демонска опседнатост според духовното ниво на исцелителот кој што е потребен да се отстрани духот

Овде степенот или нивото на опседнатоста е одреден според минималното духовно ниво, кое треба да го има исцелителот, за да го исцели опседнатото лице.

  • Според оваа поделба, кај благата опседнатост, исцелителот со духовно ниво од 50% може да го исцели лицето.
  • Кај умерена опседнатост, потребен е исцелител со 70% духовно ниво.
  • Кај тешка опседнатост, за исцелување на опседнато лице потребен е исцелител со духовно ниво повисоко од 70%.

5. Степен на демонска опседнатост според моќта на духот кој што опседнува за да го контролира опседнатото лице

Овде степенот на опседнатоста е одреден според моќта на духот што опседнува, за да го контролира умот и интелектот на опседнатото лице – накратко, колку духот се стопил со свеста на опседнатото лице.

  • Овде блага опседнатост значи дека духот кој што опседнува има 25% контрола.
  • Кај умерената опседнатост, духот го контролира лицето со 50%.
  • Кога духот го контролира лицето 75%, се работи за тешка опседнатост.

6. Степен на демонска опседнатост според духовната сила на духот кој што опседнува

Овде степенот на опседнатоста е одреден со силата на духот кој што опседнува.

  • Блага опседнатост значи дека духот кој што опседнува е обичен дух или демон од понизок ред. Во тој случај намерата му е воглавном ограничена на нанесување штета на тоа опседнато лице. Релативната сила на тој дух изнесува од 1 до 100 единици.
  • Кај умерената опседнатост, духот што опседнува е Хадал (Женски гоблин), Ѓакин итн. Во овој случај намерата е да го повреди лицето во одреден обем и проблеми во општествата. Релативната сила на овој тип на дух е од 1,000 до 10,000 единици.
  • Кај тешката опседнатост, духот што опседнува е Мантрик (моќна духовна енергија). Овде намерата на опседнувањето е разорување и создавање штетни ефекти ширум светот. Релативната сила на духот е од 100,000 единици до бесконечно. Пример за таков случај е Хитлер кој што бил опседнат од Мантрик од нижите региони на Пеколот.