1-MKD_Why-to-wear-jewellery

1. Зошто да се носи накит – Вовед

Многу луѓе од разни култури секојдневно носат накит, а некој накит има и посебно значење, ако да речеме се пренесува од генерација на генерација во некое семејство. Иако првата помисла е, дека жените се тие што носат накит, многу често и мажите носат прстени и нараквици. Кога погледнеме назад преку историјата, гледаме дека луѓето од разни цивилизации носеле разни видови накит, направен од различни метали и скапоцени камења. Бевме љубопитни да дознаеме зошто луѓето носат накит, и дали го носат од некои други причини кои не се само од естетска природа.

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), спроведе истражување кое покажа дека можеме да имаме духовни придобивки од носењето накит. Овие придобивки се однесуваат на можноста да ја впиеме Божествената свесност (Чаитанија), да ја намалиме црната негативна енергија во телото, да се заштитиме од влијанието на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) и да доживееме духовно исцелување со акупресура.

2. Цртежи за духовното влијание од носењето накит засновани на духовното знаење

Следните цртежи засновани на духовното знаење ги нацртаа трагачите во SSRF со помош на развиеното шесто сетило.

Трагачите во SSRF од Одделението за знаењето на духовната димензија, имаат способност да го видат суптилниот свет и да цртаат цртежи засновани на духовното знаење, како дел од својата духовна пракса (садна) и служење на Апсолутната Вистина (сатсева). Точноста на цртежите потоа ги потврдува Неговата Светост Др. Атавле.

Цртежите ги покажуваат ефектите од носењето разен накит вклучувајќи ги златните прстени, обетки, златни ланчиња, бакарни нараквици и пријателски бразлетни.

2.1 Цртеж заснован на духовното знаење за носењето златен прстен на домалиот прст 

2-MKD_why-to-wear-jewellery-effect-of-wearing-gold-ring

Од овој цртеж заснован на духовното знаење, можеме да го заклучиме следното:

  • Носењето златен прстен на домалиот прст, ја привлекува и активира Божествената свесност, која што потоа зрачи од прстенот. Во златниот прстен исто така се активира, а потоа од него се емитува и Божествена енергија (Шакти).
  • Божествената свесност во прстенот го притиска прстот и така делува акупресурно. Ова ги отстранува пречките кои што доаѓаат од црната енергија и прстот добива Божествена свесност.
  • Најдобро е прстените да се носат на домалиот прст, а ако тоа не е можно, тогаш на средниот прст. За да остварат духовни придобивки, жените треба прстените да ги носат на левата рака, додека машките треба да ги носат на десната рака.

2.2 Цртеж за носењето обетки, заснован на духовното знаење

3-MKD_why-to-wear-jewellery-effect-of-wearing-earrings

Од овој цртеж заснован на духовното знаење можеме да го заклучиме следното:

  • Носењето на Сатвик обетка го привлекува Божествениот принцип, кој што потоа зрачи од обетката.
  • Обетката привлекува проток од Блаженство и честички од Блаженство зрачат од обетката.
  • Привлечена е Божествената свесност, која што се шири преку целото тело и околината.

2.3 Цртеж заснован на духовното знаење за носењето златно ланче

4-MKD_why-to-wear-jewellery-effect-of-wearing-gold-chain

Од цртежот заснован на духовното знаење, можеме да го заклучиме следното:

  • Носењето на златно ланче околу вратот, ги привлекува брановите на принципот на Апсолутниот Оган (Теѓ) збогатени со Божествената свесност и ги емитуваат во околината.
  • Во околината на лицето кое што го носи златното ланче се уништени честичките од раѓа-тама.
  • Кај лицето се развива борбен дух поради принципот на Апсолутниот Оган. Борбрниот дух е важен квалитет на трагачот кој му помага да ја одржи духовната пракса и да се бори против негативните енергии.

2.4 Цртеж заснован на духовното знаење за носење на бакарна нараквица 

5-MKD_why-to-wear-jewellery-effect-of-wearing-copper-bracelet

Од цртежот заснован на духовното знаење, можеме да го заклучиме следното:

  • Бакарната нараквица ја привлекува, активира и од себе ја емитува Божествената свесност. Околу раката исто така се создава прстен од Божествената свесност.
  • Бакарната нараквица го привлекува, активира и од себе го емитува принципот на Божественото Сонце.
  • Активирана е и Енергијата на Благословот која потоа зрачи од раката.

2.5 Цртеж заснован на духовното знаење за носењето нараквица на пријателство

6-MKD_why-to-wear-jewellery-effect-of-wearing-friendship-bracelet

Од цртежот заснован на духовното знаење, можеме да го заклучиме следното:

  • Со носењето нараквица на пријателството се создаваат и активираат спирални прстени од емоции. Честички од емоции исто така се емитуваат во околината.
  • Околу раката се емитува енергија на привлекување како и илузорна енергија. Илузорната енергија кај лицето што ја носи или гледа, создава пријатно чувство, иако вибрациите кои што зрачат од неа се негативни.
  • Во телото на лицето што ја носи нараквицата и во околината се емитуваат честички од црна енергија.

3. Значење на материјалот од кој што е направен накитот

3.1 Вид на користениот метал

Видот на металот кој што се користи за изработка на накитот, е значаен фактор во одредувањето на количината на духовните придобивки, кои што може да ги добие лицето што го носи накитот. Следната табела го прикажува процентот на Божествената свесност, кој што се наоѓа во секој од видот на металите. Најголем сатвик метал е златото, а веднаш после него е среброто. 

Вид на металот Процент на Божествена свесност (%)
Злато 70%
Сребро 35%
Бакар 15%
Други (железо, цинк, бронза, …) 3%

Според духовната наука, накитот кој што се носи над половината треба да биде златен, за да не заштити од моќните негативни енергии. Златото го зајакнува принципот на Апсолутниот Оган, кој што овозможува на чакрите над половината да ги апсорбираат позитивните енергии.

Накитот кој што се носи под половината, треба да биде сребрен, за да не заштити од енергиите од пониско ниво (духови, демони, итн.). Среброто има способност да ги впива раѓа преовладувачките бранови на желбите.

3.2 Видови на скапоцени камења

Скапоцените камења како што се дијамантите, рубините, сафирите, смарагдите, како и коралите кои што се вградуваат во накитот, врз нас имаат духовно позитивен ефект. Суптилните зраци кои што доаѓаат од Сонцето, Месечината и другите планети, се рефлектираат во тие скапоцени камења во зависност од принципот кој што го привлекуваат.

Следната табела ги објаснува придобивките во однос на секој скапоцен камен.

Вид на скапоцениот камен Ефект врз лицето
Рубин Овозможува заштита и енергија на физичкото тело (штуладеха).
Дијамант Ги прочистува физичкото и менталното тело (манодеха). Поврзан е со принципот на Апсолутниот Оган.
Корал Ја разгорува Божествената свесност во телото во форма на витална енергија (пран-шакти). Го зголемува ентузијазмот на лицето да врши разни активности.
Бисер Му овозможува на лицето да биде повнимателно и повесело, благодарејќи на континуираното активирање на Божествената свесност во телото. Поврзан е со принципот на Апсолутната Вода (Апататва).
Смарагд Ја одржува конзистентноста во не-манифестираниот принцип на Божествената енергија.

Кога накитот содржи сатвик метали или скапоцени камења, тој го привлекува Божественото со помош на петте Космички принципи (Панчататва). Максималната придобивка од носењето накит се остварува кога лицето кое што го носи накитот, има духовна емоција (бав) кон него.

4. Ефект од дизајнот на накитот

Кога погледнеме во каталогот на накитот, зачудувачки е колку има различни видови на дизајни, форми и модели. Обично накитот го бираме во зависност од тоа што ни се допаѓа на естетско ниво, но од духовна перспектива треба да имаме на ум и други фактори.

Дизајнот на накитот може да биде сатвик или тамасик. Сатвик дизајнот емитува позитивна енергија и донесува чувство на Блаженство. Обично таквиот накит е заоблен и има форма на солзи. Тамасик дизајнот емитува негативни вибрации. Овие негативни вибрации можат да имаат штетен ефект по здравјето на лицето, со тоа што влијае на чакрите во телото.

На следната слика е пример на златно ланче со сатвик дизајн и другото со тамасик дизајн:

Сатвик дизајн на накитот

Тамасик дизајн на накитот

Sattvik design of jewellery

Tamasik design of jewellery

Од овие примери можеме да го видиме значењето на изборот на накитот врз основа на духовните принципи, а не врз основа на естетскиот изглед. Кога го бираме накитот треба да се обидеме да ги почувствуваме суптилните вибрации кои што се емитуваат од него, по пат на шестото сетило. Најдобро е пред суптилното читање, неколку минути да се пее Божјото Име, така да умот биде концентриран.

5. Прочистување на накитот

Црна енергија: Примарното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија, односно духовна енергија која што има моќ да манипулира со секој процес во регионот на Земјата. Обемот на овие манипулации зависи од силата на нападите од страна на негативните енергии (духовите, демоните, ѓаволите, итн.).

Постојат разни начини на кои можеме духовно да го прочистиме накитот, со користење на петте Космички принципи.  Накитот кој што го носиме, ни овозможува ефикасна заштита од влијанието на негативните енергии. Кога негативните енергии се обидуваат да не попречуваат со својата црна енергија, тие пред директното влијание врз нас, прво влијаат врз накитот што го носиме. Поради тоа е важно редовно да го прочистуваме накитот што го носиме, од него да ја отстраниме црната енергија.

Постојат разни начини на кои можеме духовно да го прочистиме накитот, со користење на петте Космички принципи.

Принцип на Апсолутниот Оган: (Теѓтатва) Светиот пепел (Вибути) од SSRF миризливите стапчиња, може да се нанесе на накитот од сите страни.

Принцип на Апсолутниот Воздух (Вајутатва): Можете да дувнете Свет пепел од SSRF миризливите стапчиња врз накитот, или да го провлечето преку чадот од запалено миризливо стапче.

Принцип на Апсолутниот Етер (Акаштатва): Држете го накитот некое време во празна кутија.

6. Зошто е добро да се носи накит – духовна перспектива

Во овој напис објаснивме како можеме да имаме духовни придобивки од носењето накит, кој што е направен од сатвик материјал и кој има сатвик дизајн. Со носењето на сатвик накит ја впиваме Божествената свесност, која што ни помага во духовната пракса, така што ни овозможува непрекинат пристап до Божествената енергија. Со зголемување на духовната пракса, се намалува потребата за носење накит, затоа што сатвикот и духовната енергија ја црпиме од духовната пракса.

Разните видови на накит кои што ги носиме, се поврзани со одредени делови на телото. Секој дел од телото е поврзан со одредена чакра. Божествената свесност која што се активира околу делот од телото на кое што се носи накитот, ја буди и прочистува чакрата поврзана со тој дел од телото. На пример, ако е разбудена чакрата во пределот на срцето (Анахата чакра), се буди и духовна емоција кон Бога.

Следната придобивка од носењето накит е придобивка од терапијата со акупресура. Накитот ги притиска точките на телото кои се и акупресурни точки. Така црната енергија се отстранува од телото, а Божествената свесност слободно тече. Акупресурната терапија може да ги отстрани физичките, психолошките и духовните проблеми.

7. Како заклучок

  • Носењето накит ни овозможува да ја впиеме Божествената енергија, не заштитува од негативните енергии и врши духовно исцелување.
  • Накитот кој што го носиме треба да биде направен од сатвик метали и да има сатвик дизајн.
  • Со вршењето на секојдневна духовна пракса, почнуваме духовно да растеме и да стекнуваме сатвик вибрации или духовна енергија во себе. Тогаш се намалува потребата од носење накит за да се здобиеме со сатвик.