1-MKD-Sample chart for Personality defect removal

1. Вовед и преземање на табелата за отстранување на недостатоците на карактерот со дадени инструкции

Почитувани читатели,

Подготвивме за вас пример табела за отстранување на личните недостатоци на карактерот која можете да ја преземете/да ја отворите и гледате онлајн. Оваа табела покажува како:

  1. Да ја запишете вашата грешка.
  2. Да категоризирате дали грешката е акција, реакција или и двете.
  3. Да одредите дали грешката е поради личен недостаток на карактерот или поради его манифестација.
  4. Да запишете автосугестија или правилна перспектива за умот со цел да научи за да го поправи своето однесувањето.
bol Преземете или видете ја онлајн табелата за отстранување на недостатоците на карактерот во Мајкрософт Ексел (Microsoft Excel) формат.

На горната десна страна од вашиот интернет пребарувач се наоѓаат следниве опции кои ви овозможуваат да го преземете фајлот или да го зачувате во вашата лична Мајкрософт OneDrive датотека.

2-MKD-Onedrive download

2. Разните работни листови во табелата за отстранување на недостатоците на карактерот

Ќе забележите дека во мајкрософт ексел (Microsoft Excel) табелата постојат неколку работни листови како што е прикажано во следниов скриншот (скриншот – слика од екран).

3-MKD-Tabs of PDR Chart

  1. Примери на грешки: Овде прикажавме примерок листа на грешки кои луѓето генерално ги прават (Колона Б). Ја комплетиравме секоја колона за да ви покажеме како во правилна форма треба да се подготви една табела.

a. Од запишување на самата грешка

b. до нејзино анализирање и

c. конечно обезбедување автосугестија / правилна перспектива за умот.

  1. Мои грешки: Овде за вас оставивме празен работен лист каде може да ги пополните вашите сопствени грешки и размислувања за некоректно однесување / реакции / ставови.
  2. Листа на дефекти и его: Ова е преглед на најчестите недостатоци на карактерот и егото, наведени и категоризирани.
  3. Инструкции и напомени за начинот на пополнување : Овде го објаснуваме значењето на секое поле и како да постапуваме при пополнувањето.

Ве молиме размислете за приклучување на интерактивните SSRF онлајн сатсанзи за да стекнете повеќе искуство за тоа како да се пополни табелата за отстранување на недостатоците на карактерот.