MKD-Past-Lives-influence-on-Subconscious-mind-and-Personality

1. Вовед во духовниот аспект на умот

Духовната страна на умот е најважен аспект за целосно разбирање, зошто различни луѓе реагираат на иста ситуација на поинаков начин. Како луѓето реагираат на ситуации може понекогаш да биде спротивно на нивниот карактер. Ова е концепт кој е непознат за сегашната модерна психијатрија, која ја ограничува својата ефикасност навистина да му помогне на едно лице.

2. Минатите животи влијаат на потсвесниот ум и на карактерот

Па, како умот е под влијание на духовната димензија?

За тоа како нашиот ум функционира, дадовме детално објаснување во други туториали. За подетално да го разберете умот, ви препорачуваме да ги видите следниве туториали:

MKD-Ad-MindФункционална природа на умот

MKD-Ad-Destiny-TutorialСудбина

MKD-Ad-Why-we-do-the-things-we-doЗошто го правиме она што го правиме

 

 

 

 

 

Едно лице се состои од многу аспекти. Тоа се физичкото тело, виталната енергија, умот, интелектот, суптилното тело и душата. Душата е Божјиот Принцип кој е присутен во секој човек. Умот е седиштето на нашите чувства, емоции и желби, и речиси е нај влијателен на нашиот карактер. Умот на една личност е составен од два дела:

Свеснен ум: Тоа е оној дел од нашите чувства и емоции за кои ние сме свесни. Сепак, ова е само 10% од нашиот ум. Свесниот ум е целосно контролиран од нашиот потсвесен ум. Тоа е како предниот дел од една продавница, односно излогот којшто е изложен кон улицата.

Потсвесен ум: Потсвесниот ум во него носи безброј импресии создадени или модифицирани од инциденти во овој и минатите животи. На пример, едно лице може да има одмаздлива природа поради длабоко вкоренети мисли на одмазда, кои за возврат биле создадени и зајакнати од значајни минати настани во овој живот или во некој од минатите животи.

Непознато за повеќето од нас, сите ние сме живееле многу животи на Земјата. Продолжуваме да се раѓаме одново и одново (реинкарнираме), со цел да ја подмириме нашата сметка на земање и давање. Според тоа како сме живееле во минатите животи, и како сме ја користеле нашата волја во секој од нив, така се обликувал и нашиот карактер. Карактерните особини складирани како импресии во нашиот потсвесен ум, постојано се моделираат/биваат зајакнети со нашите постапки и мисли во секој даден живот. Ако би ги погледнале минатите животи на просечен човек и нивното влијание врз неговите или нејзините недостатоци на карактерот, следниов би бил процентот на влијанието.

Минатите животи како контрибутор за нечии недостатоци на карактерот Тежината на влијанието како процент
Минатите 1000 животи 30%
Минатите 7 животи 61%
Сегашен живот 9%
Вкупно 100%

Да го земеме за пример дефектот гнев (лутина) на една личност во неговиот или нејзиниот сегашен живот. Како деца, тој или таа може да прикажат гнев во форма на темпераментни испади. Важно е да се напомене дека недостатокот на карактерот гнев (лутина) не започнал одеднаш во самиот овој живот. Всушност, тоа е импресија која била зајакнувана и обликувана во текот на неколку/повеќе животи.

  • 30% од природата на нечиј гнев ( лутина) ќе се должи на тоа како лицето го култивирало недостатокот на карактерот со тоа што одговарало со гнев (лутина) на различни ситуации во текот на последните 1000 животи. Со неактивно работење да се намали гневот (лутината) , тоа само би помогнало истиот неконтролирано да се зголеми во текот на неколку/повеќе животи.
  • Минатите седум живиоти ќе придонесат за уште 61% од тоа како недостатокот на карактерот гнев (лутина) понатаму се консолидирал во потсвесниот ум.
  • Како резултат на тоа, во моментот на раѓање во сегашниот живот, недостатокот на карактерот гнев (лутина) во тоа лице, веќе ќе би бил длабоко вкоренет. Како што лицето го проживува неговиот или нејзиниот сегашен живот, ќе се соочи со голем број на ситуации кои може да предизвикаат гневна реакција, на тој начин обликувајќи и зајакнувајќи ја природата на недостатокот на карактерот. Сепак, сите овие гневни реакции би придонеле за 9% од тоа како недостатокот на карактерот гнев (лутина) се развил во тоа лице. Во просек, 91% од природата на било кој нечиј недостаток на карактерот, ќе биде резултат на минати животи.

Мислите поради импресии во потсвесниот ум, постојано го бомбардираат свесниот ум како одговор на некои надворешни причини, па дури и во отсуство на надворешни причини. Колку посилни се нечии негативни импресии како што се лутина, омраза и завист, толку повеќе нечиј ум е бомбардиран со негативни мисли, што го остава лицето постојано во негативна состојба и несреќа.

Потсвесниот ум, исто така, ги содржи сите импресии потребни да ја комплетираме нашата судбина во нашиот сегашен живот. Таквите импресии се врзани за центарот на сметката за земање и давање, кој во него носи снимка на сите предодредени настани во нечиј живот (како резултат на минати животи). Врз основа на нечија сметка на земање и давање или судбина, центарот на сметката за земање и давање во умот одредува како едно лице ќе одговори или ќе реагира на животни настани или ситуации. Судбината е оној дел од животот на секој кој е вон од нечија контрола. Судбината ја контролира среќата или несреќата на која мора да подлежиме, поради заслугите или лошите дела (гревовите) стекнати во овој живот, или минатите животи. Преку истражување засновано на духовната наука откривме дека во просек 65% од нашите животи во сегашната ера се судбински предодредени. Судбината со која сме родени е самата по себе главното влијание зад тоа дали ние доживуваме среќа или болка. Еден од главните извори на ментална болка во нашите животи (кој и овозможува на негативната судбина да се одигра) се должи на нашите недостатоци на карактерот.

Дури и ако немаме сметка на земање и давање со една личност, недостатоците на карактерот можат да предизвикаат неправилни акции, задавајќи им на другите болка, и на тој начин создавајќи нова негативна карма или негативни сметки на земање и давање. Ако им задаваме несреќа на другите, тогаш според законот на кармата, ние, исто така, треба да подлежиме на истиот износ на несреќа, или во тековниот живот или во идниот.

3. Негативните енергии ги користат недостатоците на карактерот кои останале со нас од минатите животи

Доста често, негативните енергии од духовната димензија ги користат нашите недостатоци на карактерот во своја полза. Ова е особено важно за луѓето кои се опседнати од негативни енергии. Да претпоставиме дека нечиј гнев обично е пет единици во одредена ситуација, негативните енергии можат да го зголемат до девет или десети единици, и на тој начин правејќи ја нечија реакција диспропорционална со ситуацијата и правејќи ги работите многу полоши отколку што треба.  На пример, во жестока расправија помеѓу маж и жена, негативните енергии можат да ги искористат недостатоците на карактерот и кај двата, и да ги натераат да кажат непотребни работи од гнев, предизвикувајќи трајна штета на нивниот однос. Недостатоците на карактерот се слаби точки на умот (кои може да бидат префинети во текот на многу животи) со кои негативни енергии можат да влијаат и да го зајакнат својот притисок над нас.

Клучната поента која треба овде да се разбере е дека воглавном поради нашите недостатоци на карактерот како што се лутина и очекувања, ние доживуваме полн износ на болка која е судбински предодредена и на која подлежиме. Ова се должи на лошите дела или гревови стекнати во минатите животи или во нашиот сегашен живот. Ние, исто така, можеме да создадеме нови негативни сметки поради нашите недостатоци на карактерот.