Духовно истражување на радиестезијата – користење на висок – прв дел

Нашите први наоди

Во ова видео го разгледуваме движењето на високот, кога радиестезија врши просечно лице, и лице опседнато од негативните енергии.

Запис на видео снимката

1. Вовед

Намаскар,

Во ова видео ќе ве запознаеме со првичните наоди во радиестезијата. Радиестезијата во основа е истражување со помош на едноставни алатки или инструменти кои што се држат со раце. Овие инструменти се во форма на Y-прачки, I-прачки и висок.

Радиестезистите веруваат дека со користење на овие инструменти можат да пронајдат работи кои се скриени од погледот или знаењето. Радиестезијата примарно е користена за пронаоѓање на подземните води. Меѓутоа, покрај лоцирањето на водите и минералите, таа се користи и за други намени.

На пример, радиестезистите веруваат дека со користење на висок, можат да постават прашања во врска со животот на некое лице и да добијат одговор ’Да’ и ’Не’, во зависност од движењето на високот после поставеното прашање. Прашањата на кои се добиени одговори со помош на висок се разновидни и вклучуваат прашања во врска со интимните врски, вложувањата, автентичноста на предметите па дури и прашања за иднината.

Бевме заинтригрирани од разните верувања и тврдења на радиестезистите за тоа, што всушност високот како орудие на радиестезијата може да направи, и така спроведовме сопствено истражување. Ова истражување сеуште е во почетна фаза на сфаќањето на овој систем на претскажување.

Овие наоди се засновани на набљудувањето и анализата на експериментите на физичко ниво, користење на интелектот, и преку развиено шесто сетило. Истражувањето на духовната димензија по пат на развиено шесто сетило  е познато како духовно истражување.

2. Поставување на експериментот

2.1 Избор на примероци

Сега, во експериментот што го спроведовме, се концентриравме на сфаќањето на вибрациите кои што ги емитуваат луѓето, со набљудување на движењето на високот кој беше над нив, и избравме 4 групи за овој експеримент.

  1. Првата група ја претставуваат просечните луѓе, односно луѓето на духовно ниво од 20 до 30%. Оваа група на луѓе на духовно ниво помеѓу 20 и 30%, воопшто не вршат ниту една форма на духовна пракса.
  2. Втората група се трагачи, кои што вршат редовна духовна пракса и кои се сметаат духовно позитивни, затоа што немале никакви проблеми со негативните енергии.
  3. Третата група беа трагачи кои што вршат редовна духовна пракса, но се опседнати од негативни енергии.
  4. И на крајот имавме привилегија да спроведеме испитувања на најмалку 6 Светци. На скалата од 0 до 100 во значење на духовна зрелост, соединување со Бога значи 100%. Под поимот Светци, мислиме на луѓе кои преку духовна пракса достигнале духовно ниво од најмалку 70%. Духовното ниво на просечниот човек во денешната ера е околу 20%.

Оваа категоризација на луѓе, ја направивме врз основа на нивното духовно ниво и нивната духовна состојба, користејќи развиено шесто сетило и врз основа на разни експерименти на духовни исцелувања кои што ги имаме спроведено во минатото. Духовното ниво на лицето е засновано на многу фактори и може да се дознае само со помош на развиено шесто сетило.

2.2 Причини за избор на специфични категории на трагачи

Можеби ќе се запрашате, зошто за овој експеримент избравме категорија на трагачи кои што се опседнати. Причината за тоа е што по пат на духовно истражување откривме дека околу 30%, односно еден од троица луѓе од светската популација е опседнат од негативните енергии и речиси секогаш без да знае тој човек.

2.3 Избор на радиестезист и важноста на тоа радиестезистот да има добро духовно ниво

Видовме дека лицето кое што го држи високот или лицето кое што е радиестезист, траба да биде лице кое што не е под влијание на негативните енергии и кое што има добро духовно ниво. Духовното ниво на радиестезистот избран за овој експеримент беше 60%. Тоа беше затоа што преку духовното истражување утврдивме дека тој најверојатно ќе ги собере суптилните вибрации од субјектот со помош на високот. Духовно просечно лице, нема да биде во миожност да ги собере суптилните вибрации и лесно може да потпадне под влијание на негативните енергии кои што се обидуваат да манипулираат со експериментот.

Исто така се погриживме и за тоа да ја стабилизираме раката на радиестезистот, така да незабележаните движења на раката или прстите на радиестезистот да не можат да влијаат на експериментот.

3. Како го спроведовме експериментот

Најпрво проверивме, дали некоја вибрација влијае на високот кога радиестезистот го држи во рака на местото кое што е предвидено за експериментот и утврдивме дека не постои таква вибрација.

Потоа ги замоливме лицата изберени за експериментот, едно по едно да седнат на столчето и трагачот кој што вршеше радиестезија да го држи високот над нивните глави и следи дали има движења на високот. Го истражувавме секое движење на високот на различни висини меѓусебно раздалечени по три стапки (0,9м).

3.1 Разни аспекти на движењето на високот

Како што експериментот напредуваше, забележавме разни аспекти на движењето на високот:

  • Насока на движење на високот, те. дали тој се врти во насока на стрелките на часовникот, обратно од стрелките на часовникот, дали мирува или се движи неодредено.
  • Колку е оддалечен од главата на субјектот, дали вибрациите продолжуваат да влијаат на високот? Со користење на скалите во ашрамот, го тестиравме овој аспект до висина од 41 стапка (12,5м).
  • Брзината со која се движеше и растојанието до кое високот се оддалечуваше од својата централна оска.

Како што може да се види, имаме цела екипа која што е вклучена во работата на снимањето и трагачи со развиено шесто сетило кои што ни кажуваат што се случува во духовната димензија додека трае експериментот.

3.2 Пример 1

Следува пример од истражувањата што ги снимивме.

Првиот пример се однесува на просечно лице. Ако се сеќавате, тоа е лице на духовно ниво од 20-30%, што е исто како и кај повеќето од човечката популација.

Висина (стапки) Насока на движење на високот кај просечно лице Пречник (см)
1 Исток – Запад 5.0
3 Спротивно од стрелките на часовникот 1.0
6 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0.5
9 Во насока на стрелките на часовникот/спротивно од стрелките на часовникот 0.25
12 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0.25
15 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0.25
18 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0.25

Како што може да се види од претходната табела, првата колона има различни интервали на висина. Втората колона го покажува движењето на високот на соодветната висина. Како што се види од отчитувањата, нема специфичен тренд во насоката на движењето на високот. Во последната колона го прикажавме растојанието до кое што високот патуваше од својата оска во смисла на пречник на осцилациите.

Овде доминираат две набљудувања:

  • Со исклучок на првото отчитување кое што е земано на висина од 1 стапка (0,3м), високот минимално се задвижи од својата централна оска. Движењата беа толку слаби и се движеа од 0,3см до 1см во пречник. Всушност, имавме проблем да одредиме дали движењето беше во правец на стрелките на часовникот или обратно. Причина за слабото движење на високот беше многу ниската духовна сила на духовните вибрации кои што ги емитуваше лицето.
  • Ротацијата понекогаш беше во насока на стрелките на часовникот, а понекогаш обратно од стрелките на часовникот. Причина за ова беше променливата ментална состојба на субјектот.

3.3 Пример 2

Вториот пример се однесува на лице кое што е опседнато. Експериментот се одвиваше како се нормално, се додека ентитетот кој што го беше опседнал лицето, почна да се манифестира и започна суптилна битка со радиестезистот. Поради оваа причина истакнавме дека радиестезистот треба да биде на добро духовно ниво, од најмалку 60%. Радиестезистот на ниско духовно ниво може да биде силно погоден во суптилната битка, како што е оваа. Тоа е поради тоа што негативните енергии напаѓаат преку високот и влегуваат во радиестезистот. Во SSRF, според нашите сознанија, имаме најголема колекција во светот на видео снимки од сите видови на демонска опседнатост и тоа од обичните духови па се до негативните енергии од највисоките нивоа како што се мантриците (моќни негативни енерегии).

Високот чудно се движеше во текот на експериментот. Повремено ќе се вртеше во правец на стрелките на часовникот, после обратно, а понекогаш ќе стоеше мирно. Она што овде го свативме е дека всушност ги меревме вибрациите на ентитетот што опседнуваше, наспроти вибрациите на трагачот. Кога го видовме истиот настан преку развиено шесто сетило, всушност ентитетот од високо ниво, што го беше опседнал трагачот, го манипулираше движењето на високот.

Табелата што следува, се однесува на мерењата кај опседнатиот трагач, и како што се гледа во средната колона, насоката на движењето на високот не е постојана.

Висина (стапки) Насока на движење на високот кај опседнат трагач Пречник (см) Насока на движење на високот кај просечно лице Пречник (см)
1 Спротивно од стрелките на часовникот 1.25 Исток – Запад 5.0
3 Во мирување 0 Спротивно од стрелките на часовникот 1.0
6 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0.5 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0.5
9 Во насока на стрелките на часовникот/спротивно од стрелките на часовникот 0.25 Во насока на стрелките на часовникот/спротивно од стрелките на часовникот 0.25
12 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0 Спротивно од стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот 0.25
15 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0.25
18 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0.25 Во насока на стрелките на часовникот/во мирување 0.25

Во споредба со резултатите добиени од просечното лице, имаме две клучни разлики:

  1. Првата и најочигледна разлика е дека дојде до попречувања во случајот на трагачот кој што е опседнат од негативните енергии.
  2. Во случајот на просечното лице, високот остана во мирување после 18 стапки (5,5м), каде што вибрациите повеќе не се чувствуваа.

Меѓутоа, во случајот на трагачот кој што е опседнат, осцилациите на движењето укажуваат на суптилна битка што се случува помеѓу радиестезистот и ентитетот што го попречува трагачот. Овде можеме да видиме како негативниот ентитет се обидува да го покрие високот со црна енергија. Ентитетот мораше да се манифестира и да биде изложен на напад, затоа што беше приморан да се бори со позитивноста на радиестезистот, која што тече низ високот. Кога високот беше во мирување, тоа значеше дека негативноста на ентитетот што го попречува трагачот е еднаква на позитивноста која што доаѓа од радиестезистот.

Во нашата следна епизода, со вас ќе споделиме како сето ова се случува, каква е динамиката во суптилната димензија помеѓу радиестезистот, негативниот ентитет, субјектот и високот.

Ова што следува е многу важно за вас. Ако радиестезистот нема развиено шесто сетило, веројатно нема да сфати дека субјектот е опседнат. И тоа воглавном е така ако негативниот ентитет е мантрик од високо ниво. Во овој случај, радиестезистот најчесто е на просечно духовно ниво и е попречуван од ентитет што го опседнува без да биде свесен за тоа. Често ние наивно вршиме радиестезија на друго лице, но малку знаеме за динамиката која што стапува на сцена во духовната димензија, посебно ако субјектот е опседнат.

Сега во претходниот пример, ентитетот се манифестираше и сите станавме свесни за невообичаеното однесување. Повеќето од времето опседнатото лице се однесуваше нормално и ентитотот што го опседнуваше не се манифестираше, туку наместо тоа се криеше зад свеста на лицето, фрлаќи црна енергија на секој кој што ќе избере интеракција со тоа лице.

4. Краток преглед

Тоа е се што имавме за вас во оваа епизода. Но пред да завршиме, да направиме рекапитулација на некои од клучните наоди.

  • Многумина од вас кои што го гледавте видеото, најверојатно имате експериментирано со радиестизијата, но никогаш не сте размислувале за разните фактори кои што влегуваат во игра кога ги добивате одговорите.
  • Што се однесува до разбирањето на вибрациите кои што ги емитува некое лице, доколку нема развиено шесто сетило лицето што врши радиестезија, не може да ја одреди причината за движењето на високот. Ниту може да ја одреди духовната состојба на лицето врз кое се извршува мерењето.
  • Поради недостаток на духовна пракса, просечното лице има вибрации со помал интензитет.
  • Ако субјектот е опседнат, радиестезистот може да мисли дека вибрациите се од субјектот, а всушност се од негативниот ентитет што го опседнува.

Ќе продолжиме со духовното истражување на системот на радиестезија и ќе ви ги презентираме нашите наоди во следните видеа. Се надеваме дека ова видео ви отвори разни перспективи за радиестезијата и дека сте подобро информирани за нејзиниот суптилен аспект. Ви благодариме што ни се придруживте.